HomeДЕНЕШНАСветДиректори на Ериксон давале милиони евра мито

Директори на Ериксон давале милиони евра мито

ericsson-700x435

Поранешните директори на шведскиот произведувач на телекомуникациска опрема „Ericsson“ тврдат дека оваа компанија плаќала десетици милиони долари мито во периодот од 1998 до 2001 година.

„Од седиштето на компанија во Стокхолм упатувани се преку Цирих огромни суми на тајни примачи ширум светот“, пишува Dagens Nyheter, сугерирајќи дека Нензел имал централна ролја во таквите активности.

Најголемите суми, според весникот, кои вклучуваат 1,4 милијарди шведски круни, или 140 милиони евра, се уплатени на банкарски сметки во Малезија, како и 736 милиони круни уплатени на сметки во Полска, преку британската даночна оаза Џерси.

Јавното радиот SR, пак, наведува дека пари се уплатувани на сметки на политичари и високи државни функционери во Костарика, вклучително и на поранешниот претседател Мигуел Анхел Родригез, „во времето кога Ericsson конкурирал за голем државен договор во областа од телекомуникациите“.

Се додава и дека радиото располага и со сведоштвата на „неколку поранешни водечки директори“ коишто под услов да останат анонимни „раскажаа дека се одговорни за активната корупција во здобивањето на договорите во голем број земји“.

Тврдењата за востановената практика за подмитување во Ericsson во шведските медиуми се појавуваат уште од 2010 година, но од компанијата упорно негираат какви и да се неправилности.

Во средата од Ericsson, според пишувањето на Dagens Nyheter, тврделе дека никогаш не пронашле „никакви докази за наводни исплати на мито“.

Во јуни годинава од споменатата шведска компанија известија дека против нив е покрената истрага, меѓу другото и во САД, а шведските медиуми пишуваа дека станува збор за случаи на наводна корупција во Кина и во Грција.

Од Ericsson во октомври предупредија дека нема да можат да ги исполнат очекувањата на финансиските аналитичари во поглед на деловните резултати, за потоа во деловниот извештај да објават дека третиот квартал го заклучиле со загуба од 233 милиони круни, поради слабите вложувања на операторите во мобилните мрежи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com