HomeДЕНЕШНАРегионДиректор на косовската полиција приведен во Србија поради тероризам

Директор на косовската полиција приведен во Србија поради тероризам

Вишиот управен суд во Ниш му одреди 30-дневен притвор на директорот на косовската полиција за регионот Косовска Митровица, Нехат Тачи. Тачи беше уапсен пред два дена додека патувал кон Ниш за да присуствува на судски процес. Нехат Тачи (40) од Урошевац е уапсен на основа на распишана потерница по наредба на Вишиот суд во Ниш, поради кривично дело „тероризам“. Со оглед на тензичната атмосфера на Балканот, овој потег на Србија би можел дополнително да ги подгрее тензиите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com