Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветДиректен судир на автобус и цистерна во Авганистан, Најмалку 36 загинати

Директен судир на автобус и цистерна во Авганистан, Најмалку 36 загинати

Најмалку 36 лица загинаа во директен судар на автобус и цистерна авганистанската јужна провинција Забул, пренесе ТАСС. Портпаролот на гувернерот на провинцијата изјави дека загинале 36 лица, вклучувајќи и жени и деца, а повеќе од 25 се повредени, од кои некои се здобиле со тешки повреди.

Цитирајќи ја локалната телевизија ТАСС јавува дека во несреќата има 50 загинати, а повредени се уште најмалку 30. Несреќата се случила во округот Шар и Сафа, на главниот автопат, што ги поврзува престолнината Кабул и јужниот град Кандахар, за каде патувал автобусот.

Причина за несреќата е невнимателното управување на двајцата возачи. Сите пациенти во критична состојба властите ќе ги префрлат во соседната провинција Кандахар.