Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДипломатски синдикат: Се згрижуваат партиски дипломати

Дипломатски синдикат: Се згрижуваат партиски дипломати

Синдикатот на македонската дипломатска служба (СМДС), сака да ја извести македонската јавност за крајно сомнителниот потез што Раководството на Министерството за надворешни работи го повлече оваа седмица. Имено, распишани се 20-тина интерни конкурси за распоредување на работа во нашите дипломатско- конзуларни претставништва (ДКП). Со оглед на тоа што ДКП-та се работни единици на МНР, се работи за внатрешно прераспоредување на кадрите во МНР, стои во отвореното обраќање на дипломатскиот синдикат до јавноста.

„Тоа, пак, согласно точката 90.2 од Генералното мислење на Антикорупциска (ДКСК) утврдено на 115-та седница од 07.09.2016 г., а во врска со Парламентарните избори 11.12.2016 година е – недопустливо: „Од денот на донесување Одлука за распишување на избори до завршување на изборот за пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија постои законска пречка да се врши распоредување и унапредување на лица вработени во органите на државната управа …“. Во контекст на ова, на пример, субвенциите за земјоделците не се исплаќаат заради наводен страв од Антикорупциска (ДКСК)!??“

Од синидкатот дополнуваат дека е извесно оти не се работи за некоја ургентна потреба, а што е видливо од два факта: а) најголемиот број од овие конкурси би се спровеле во јули и август оваа година; и б) меѓу другите, има и два конкурси за тнр. „испомош“, односно испраќање дипломати во ДКП-а каде, според Раководството, постои ургентна потреба.

Од друга страна, Синдикатот, кој тврди дека е целосно заобиколен во целата оваа постапка, забележува дека се планира испраќање „ургентни дипломати“ во ДКП-а кои се кадровски добро покриени и професионално функционираат на високо ниво. Од тука стравот дека идните упатувања се и во функција на „згрижување“ определени партиски кадри, но и со резервен план: во случај на евентуални идни избори да се имало мрежа од „сопствени“ кадри.

„Уште еден куриозум: конкурсите се уредно потпишани од ЗМНР Илија Исајловски, инаку валиден вршител на должноста МНР од 30.12.2016 година; сепак, на друга страна, пратеникот Попоски е се уште носител на дипломатска патна исправа која гласи на Министер за надворешни работи и заменик- Премиер. Но, и одлучувач за редица прашања каде неговото „ОК“ е неопходно. Очигледно, постои јасна свест дека пратеникот Попоски го прекршува правото! Сепак, потребата да се функционира под капата на „нормалност“ е сериозен императив, но, и одличен контекст за стратешко позиционирање по сите институционални линии.

На крај, повикувајќи се на принципите на демократијата и владеењето на правото, предочуваме/повторуваме дека по одржаните парламентарни избори, Владата во заминување нема легитимитет да ја остварува извршната власт со полн капацитет“.

На ова реагираше и министерството за надворешни работи.

„Во контекст на објавата на неколку лица кои со нескриени политички амбиции се затскриваат зад насловот Синдикат на македонската дипломатска служба (СМДС), цениме дека е корисно да се запознае јавноста дека упатувањата во ДКП се вршат во согласност со релевантна законска рамка. Истата го опфаќа Законот за надворешни работи, одредбите содржани во Правилникот за упатување и сите други релевантни подзаконски акти. Секако дека овие факти се познати и за лицата кои се претставуваат како Синдикат, а впрочем се обидуваат да извлечат лична или политичка корист.