Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДипломатите се потпишуваат во книгата на жалост

Дипломатите се потпишуваат во книгата на жалост

Претставници на дипломатскиот кор во земјава вчера и денеска се потпишуваат во книгата на жалост за жртвите во катастрофалното невреме во Скопје, што е отворена во просториите на салата на Советот на Град Скопје (барака број 13).

Во книгата на жалост се потпиша амбасадорите на САД, Русија, Велика Британија, Србија, Албанија, Полска, Украина претставници на амбасадите од Германија, Франција, Шпанија, Италија, Швајцарија, Грција, Словенија, Босна и Херцеговина, како и претставници на меѓународните организации УНДП, ОБСЕ и Светска Банка во Република Македонија.

Град Скопје изразува благодарност до претставниците на дипломатскиот кор за изразеното сочуство и за поддршката во овие тешки моменти за жителите на градот Скопје.

Книгата на жалост ќе биде отворена и утре од 9 до 16 часот.