HomeДЕНЕШНАПолитикаДипломатите под огромен партиски притисок пред гласањето на дијаспората – Синдикатот бара да не молчат

Дипломатите под огромен партиски притисок пред гласањето на дијаспората – Синдикатот бара да не молчат

MNR

Синдикатот на македонската дипломатска служба во неколку наврати укажуваше за огромните манипулации во функција на изборите во март 2014 година во амбасадите каде има партиски кадри, но и за проблемите со кои се сочуваа во тоа време, нашите колеги – професионалци во амбасадите, во обид да ги спречат ваквите манипулации.

Ваквото укажување го повторивме и за време на нашиот прв предупредувачки протест на 1 февруари 2016 година со цел да предупредиме дека ваквите манипулации можат да бидат повторени на претстојните вонредни парламентарни избори, а имајќи го предвид степенот на партизација на нашата држава, вклучително и на нашата дипломатија, се вели во соопштението на Синдикатот на македонската дипломатска служба.

dijaspora

„За жал нашите предвидувања се потврдија – процесот на пријавување на нашите граѓани кои живеат во странство за претстојните парламентарни избори, повторно е спроведен преку истите манипулации, со ист систем и исти актери како и за време на изборите во 2014 година. Најеклатантен пример се неодамнешните случувања во Париз кои поседуваат елементи на поттикнување верска и расна омраза, а за што бевме известени од припадниците на нашата дијаспора во Франција. Имено, на Синдикатот му беше пренесена следната фејсбук-порака што била доставена до припадници на таа наша дијаспора, и тоа од државен службеник кој на својот фејсбук профил отворено се декларира како вработен во Министерството за култура. На иста линија е и “црковната” објава на FB страната на “Македонци во Франција”, соопштува Синдикатот.

Повеќе нерегуларности и непрофесионален однос се забележани во амбасадите кои примиле партиски луѓе ангажирани за агитација на дијаспората, а дел нив се вработени и во државните институции со тоа што истите методи на лобирање кај иселениците го вршеле и на претходните избори.

„Имајќи предвид дека располагаме со фотографии од некои од овие настани, сметаме дека со ова наше јавно обраќање се исполнети условите Министерството за надворешни работи да спроведе сопствена истрага за тоа како дошло до злоупотреба на Амбасадата во Париз и нејзиниот персонал за партиски, предизборни цели и активности и да се утврди соодветно одговорност за тоа. Истово важи и за Министерството за информатичко општество и администрација“ велат од Синдикатот.

Упатуваат апел до сите вработени и ангажирани лица во дипломатските претставништва да не молчат за неправилностите и незаконските дејства и сите форми на притисок да ги пријават.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com