Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДимовски: Претседателот на комисијата мора да биде од најбројната партија

Димовски: Претседателот на комисијата мора да биде од најбројната партија

Досегашната пракса на работа во Собранието на Република Македонија во последните 25 години говори дека претседател на комисијата за избори и именување секогаш е од најголемата пратеничка група во Собранието без исклучок, нема исклучок во досегашните 25 години. изјави Илија Димовски,, при тоа додавајќи дека бројот на пратеници членови на комисиите не е милост или добродател на една партија спрема друга туку е одлука на граѓаните врз база на егзактна математика на прецизни бројки.

„Значи соодносот 6 – 5 – 1 – 1 не е заради задоволството на СДСМ да покаже гест, туку е последица на изборните резултати од 11 декември минатата година. Соодносот ниту беше, ниту може да биде предмет на разговор заради тоа што тој е егзактен и се применува наназад со години. Исто така, претседателското место во комисијата за избори и именувања секогаш без исклучок припаѓа на најголемата пратеничка група. Ние сме спремни ако има договор уште утре да ги тераме следните постапки и следните процедури во работата на собранието“, рече Димовски.