Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДимовски нов функционер на ВМРО-ДПМНЕ кој беше на распит во СЈО за „Титаник“

Димовски нов функционер на ВМРО-ДПМНЕ кој беше на распит во СЈО за „Титаник“

Пратеникот Илија Димовски е уште еден во редицата на функционери од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кој беше на распит во СЈО поврзан со истрагата „Титаник“ која опфаќа незаконско финансирање на партијата на изборните кампањи.

На последниот прес за јавноста сепцијалното обвинителство информираше дека овој случај е проширен за уште 16 лица, кои се високи функционери на ВМРО ДПМНЕ.

СЈО во оваа истрага освен Димовски ги опфаќа и лидерот на партијата Никола Груевски, како и некогашниот шеф на неговиот кабинет, Мартин Протуѓер.