Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДимовски бара Собранието да се активира за лажните лични карти

Димовски бара Собранието да се активира за лажните лични карти

Владејачката партија покрена иницијатива за формирање на анкетна комисија во Собранието на Република Македонија која ќе биде фокусирана на решавање на скандалот со издавањето на лажни лични карти, но и на пасоши, документи и банкарски сметки.

anketna_komisija_za_prislusuvanje-2

Предлогот го објави Илија Димовски пратеникот и координатор на ВМРО ДПМНЕ во Собранието бидејќи значајни политички и одговорни лица на функција во Македонија биле во контакт, корелација, а можеби и во соработка со обвинетите за аферата, Собранието има суштинска надлежност да го истражи целиот случај и да изготви документација по која понатаму ќе се постапува.

Претходно Антонио Милошевски ја обвини СДСМ дека ја кочи работата на веќе формирана анкетна комисија за скандалот со прислушкување и дека не постапува според Деловникот и утврдените обврски. Опозицијата пак, возврати дека власта прави евтини трикови за пропаганда и дека бега од суштинска одговорност.