Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДимитров: Паралелно да се одвиваат преговорите за влез во ЕУ и за спорот за името

Димитров: Паралелно да се одвиваат преговорите за влез во ЕУ и за спорот за името

Македонија се надева дека направи доволно за да ја убеди Европската Унија да почне преговори и покрај тоа што сè уште не е решен спорот со Грција за името, изјави вчера шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, за „Ројтерс“.

– Ако ги спроведеме реформите во земјата, се надеваме дека ќе стигнеме до таа фаза (почеток на преговори за влез во ЕУ) и паралелно да го решаваме спорот за името – вели Димитров.

Во однос на аспирациите за влез во НАТО, Димитров вели дека интеграцијата е можна само преку дијалог.

– Не можеме да го избоксуваме влезот во НАТО, мора со разговори да влеземе. Мора во Атина да нè гледаат како сојузници. Долгорочно, и во интерес на Грција е северниот сосед да ѝ биде земја во која владее правото – вели Димитров.