Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДимитров и Коѕиас имале средба – но не се знае за што разговарале

Димитров и Коѕиас имале средба – но не се знае за што разговарале

Во Њујорк средба меѓу македонскиот и грчкиот шеф на дипломатијата, Димитров и Коѕиас. Имале заедничка вечера. Фотографиите ги објави Министерството за надворешни работи во Атина.

Засега нема информација за што разговарале двајцата шефови на дипломатиите, кои присуствуваат на Генералното собрание на Обединетите Нации.

Коѕиас пред два дена имаше средба со Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, со кого разговарал и за прашањето за името. Тој смета дека после изборите има можност за дискусија за прашањето за името.