Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДимитров и Хан разговараа за спроведувањето на планот „3-6-9“

Димитров и Хан разговараа за спроведувањето на планот „3-6-9“

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска во Брисел имал работна средба со еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, на која го информирал еврокомесарот за досегашното спроведување на реформите во согласност со планот „3-6-9“, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР).

Димитров ја повторил заложбата на Владата за целосна вклученост во спроведувањето на реформите за набргу да се отвори патот за обновување на препораката за почеток на пристапните преговори.

„Министерот Димитров изрази убедување дека напредокот на земјата ќе овозможи отворање на дискусија за донесување одлука за почеток на пристапните преговори, како чекор кон остварување на стратешката цел на Македонија – членство во Европската Унија. Еврокомесарот Хан ја повтори посветеноста на Европската комисија за понатамошна соработка со Владата на Република Македонија во функција на успешна реализација на итните реформски приоритети и забрзување на евроинтегративниот процес на Република Македонија“, стои во соопштението од МНР.