Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДимитров и Дачиќ ќе ги пеглаат затегнатите односи меѓу Македонија и Србија

Димитров и Дачиќ ќе ги пеглаат затегнатите односи меѓу Македонија и Србија

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Србија, Никола Димитров и Ивица Дачиќ, денеска во Ниш ќе разговараат за можностите за унапредување на односите меѓу двете земји. Предвидено е Димитров и Дачиќ по средбата да одржат и заедничка прес-конференција.

Персоналот од Амбасадата на Србија кој во неделата беше повлечен на итни консултации во Белград, од вчера почна да се враќа во Скопје. Според најавијте, амбасадорката Душанка Дивјак- Томиќ во Скопје се враќа на 31-ви август, а ден подоцна се очекува таа да биде примена од македонскиот премиер Заев.

Македонската амбасадорка во Белград, Вера Јовановска- Типко, пак, вчера беше примена од српскиот претседател Вучиќ, кој ги повтори заложбите за унапредување на односите меѓу двете земји и најави дека ќе биде иницирано одржување заедничка седница на владите на двете земји до крајот на годинава.

Заев и Вучиќ во телефонски разговор договорија принципи на идната соработка меѓу двете соседни земји. Договорено е Скопје и Белград да работат на зачувување и унапредување на билатералните односи, а секое евентуално несогласување ќе го решаваат исклучиво со дијалог.

Македонскиот премиер Заев и претседателот на Србија Вучиќ се согласија и дека без оглед на сите политички разлики за одредени важни политички регионални прашања, Македонија и Србија заеднички ќе се борат не само за зачувување, туку и за унапредување на пријателските односи меѓу македонскиот и српскиот народ и граѓаните на двете земји.