Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДимитриев најави засилено темпо за реформи во критичните области

Димитриев најави засилено темпо за реформи во критичните области

Привремениот премиер Емил Димитриев најави дека Владата ќе го засили темпото за спроведување на реформите во пет клучни области: безбедност, правосудство, јавна администрација, медиуми и меѓуетнички односи.

Идејата е Владата да се врати на секојдневните активности и работни задачи и да ја зголеми координацијата со надлежните институции, а со цел да се подобрат сите проблематични области кои произлегоа од политичката криза.

Реформи се неопходни за да се стигне до состојба во која ќе може слободно да се одржат регуларни и демократски избори со кои и опозицијата ќе се согласи.