HomeДЕНЕШНАПолитикаДимитриев: На граѓаните им е смачено да живеат во грч, кризата предолго трае

Димитриев: На граѓаните им е смачено да живеат во грч, кризата предолго трае

Емил Димитриев како премиер за организирање на изборите на свеченоста по повод празникот 23 октомври посочи дека политичката криза во Македонија трае предолго и тоа многу им пречи на граѓаните во секојдневниот живот.

„Целото општество е во своевиден грч. Предолго време сите ние сме заложници на наметната криза која сите нас не дефокусира од решавање на главните проблеми со кои се соочува нашиот народ. Болно е и тоа што оваа криза има рефлексија на секојдневието на граѓаните, стопанствениците се обесхрабрени да преземат покрупни и посериозни нови инвестициски циклуси, администрацијата која има улога на сервис на граѓаните дејствува со помалку интензивно темпо, економскиот раст со кој сите ние се гордеевме како држава е забавен, пропуштени се шанси за поголеми инвестиции“ – рече премиерот.

Димитриев вели дека Владата ќе вложи напори за да обезбеди фер и демократски избори и во текот на овој период до изборите и на самиот ден на изборите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com