HomeРЕФЛЕКТОРДилан не доаѓа по Нобеловата награда

Дилан не доаѓа по Нобеловата награда

dilan

Овогодинешниот добитник на Нобелова награда за литература Боб Дилан нема да присуствува на церемонијата за доделување на награди во Стокхолм, соопшти шведската академија. Академијата наведе дека Дилан изјавил дека „сака доколку може да ја прими наградата лично, но дека тоа поради други обврски е невозможно.

Американскиот пејач изјави кон крајот на октомври дека ја прифаќа Нобеловата награда за литература со што беше прекинат двонеделниот молк од кога му е доделено тоа најголемо светско признание за неговиот целокупен труд. Истакна дека останал без зборови кога слушнал дека е првиот музичар на кој му е доделена оваа награда и дека „многу ја цени таа чест“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com