Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДИК: Во тек е пријавувањето на граѓаните, за еден ден 122 пријавени

ДИК: Во тек е пријавувањето на граѓаните, за еден ден 122 пријавени

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека е во тек пријавувањето на граѓаните чии записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список.

До попладнево, можноста за пријавување ја искористиле вкупно 122 граѓани, лично во подрачните одделенија и канцелариите на ДИК или во дополнителните канцеларии на Државната изборна комисија, вкупно се пријавиле пет граѓани, додека можноста за електронско пријавување ја искористиле 117 граѓани.

По општини најмногу се пријавиле од Чаир (25), Аеродром (18), Центар (14) и Карпош (13).