Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДИК со вкрстена проверка ќе бара нерегуларности во избирачкиот список

ДИК со вкрстена проверка ќе бара нерегуларности во избирачкиот список

Државната изборна комисија започнува со посеризна вкрстена проверка на базите на податоците од десетина државни институции за проверка на гласачите во избирачкиот список кои имаат право на глас и дали има нерегуларности како што досега се тврдеше и како тие дошле во евиденцијата.

Процесот ќе се врши со нов електронски софтвер за потврдување на резултатите на истражувачите за да се добие веродостојност и да нема никакви грешки.

Рокот за проверка најверојатно ќе трае десетина дена по што ќе се предложат и мерки за теренски проверки каде постојат сомнежи за нерегуларности и симптоматични појави на измами во кои се потенцијално вклучени и државните институции во минатите избори.