HomeДЕНЕШНАПолитикаДИК со правилна одлука: Целосно отфрлени листите – Шукуроска, Продановски не одат на избори

ДИК со правилна одлука: Целосно отфрлени листите – Шукуроска, Продановски не одат на избори

dik sednica

ДИК едногласно ги отфрли предложените кандидатски листи на Социјалдемократската партија (СДПМ) на Бранко Јаневски за сите изборни единици, поради неисправни документи.

ДИК при повторното разгледување утврдила дека скоро сите листи на СДПМ во шесте изборни единици има неправилности. Кај поголем број кандидати било откриено дека нема датум на изјавите за прифаќање на кандидатурите за пратеник и одека не може да се види за кои избори се поднесуваат. Исто така, ДИК утврдила и дека потписите на изјавите за неосудуваност и за прифаќање на кандидатурата се различни.

На листите имаше кандидати кои се викаат Рада Шукуроска од Прилеп и Стево Продановски од Зелениково. Првично беа отфрлени Стево Продановски и Љупчо Николовски, но остана Шукуроска. Сепак на крајот ДИК ја донесе одлуката за целосно отфрлање на имињата слични на оние на СДСМ кои всушност немаат никаква врска со политика.

Силвана Бонева побара да не се расправа за секоја листа по изборни единици, бидејќи неправилностите се евидентни и предложи Комисијата да ги отфрли листите на СДПМ. Игор Милев, пак, побара да се разгледуваат листите на СДПМ по изборни единици. Исто така, Игор Милев побара да биде покрената кривична пријава против Бранко Јаневски.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com