Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДИК со 8 милиони евра ќе организира избори

ДИК со 8 милиони евра ќе организира избори

Државната изборна комисија го претстави планот за организирање на претстојните предвремени парламентарни избори за што ќе им биде потребен буџет од 8 милиони евра и истиот ќе им биде одобрен од Министерството за финансии. drzavna izborna komisijaДИК ќе се ангажира и во прочистување на избирачкиот список за што ќе користи вкрстени податоци од базите на 13 државни институции, меѓу кои Фондот за здравствено осигурување, ПИОМ, Управата за јавни приходи, Народна банка, Катастар, Министерството за труд и социјална политика и други.

Одржувањето на изборите се уште е ставено под знак прашалник бидејќи опозицијата тврди дека нема доволно време до 24 април да се завршат сите предвидени реформи од договорот од Пржино и доколку нема промени ќе бојкотира.