Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДИК прозвани јавно да кажат до кога ќе „чистат“

ДИК прозвани јавно да кажат до кога ќе „чистат“

Владејачката партија преку пратеникот Илија Димовски ипати барање до Државната изборна комисија да одржи јавна седница на која ќе образложи до кога планира да го чисти избирачкиот список и кога ќе бидат подготвени за новите избори.
ilija dimovski– Според нашата проценка ДИК да работи и најмрзливо вкрстувањето на податоците може да се заврши за 14 дена. Според Уставот и законите ДИК треба да почне со работа откако собранието ќе биде распуштено. Кога интензивно треба да се подготвуваат работите оваа комисија е недозволиво да си дава викенд паузи. Знаеме дека и денеска не работат, но се надеваме дека до крајот на денот ќе ги разрешат сите овие дилеми – изјави Димовски на денешната прес-конференција.

DIKОд ДИК се очекува експедитивно да го заврши процесот на прочистување на избирачкиот список вклучувајќи ја и теренската проверка, за потоа секој гласач да може електронски да провери дали може да го оствари своето право на глас, а секако и да нема никакви сомнежи за фантомски гласачи. Опозицијата и понатаму тврди дека овој процес не може да се заврши навреме за изборите да се одржат на 24 април бидејќи времето истекува.