Tuesday, Nov 21, 2017
HomeДЕНЕШНАПолитикаДИК против Чичаковски – Има или нема време за чистење на списоците

ДИК против Чичаковски – Има или нема време за чистење на списоците

drzavna izborna komisija

Во Државната изборна комисија има неусогласени ставови по прашањето за подготвеноста навреме да се исчисти избирачкиот список и да се гарантира дека секој избирач има еднакво право на глас. cicakovski

„Без темелна проверка на избирачкиот список, изборите на 24 април може технички да се спроведат, меѓутоа проверката и прочистувањето на избирачкиот список и добивање на избирачки список во кој сите ќе имаме доверба не може да се обезбеди. Во овој краток рок проверката на Избирачкиот список може да биде импровизација и со таква постапка ние нема да добиеме кредибилни избори“, оцени Александар Чичаковски, претседател на ДИК.

dik sostavСепак, контра ставовите на претседателот отидоа Сашко Срцев и Супхи Јакупи како членови на ДИК кои тврдат дека со добра методологија и соработка со државните институции има доволно време да се пречисти избирачкиот список за да може навреме да се исполни предвидениот рок за одржување на предвремените парламентарни избори на 24 април. Двете најспротиставен партии во македонскиот блок продолжуваат со меѓусебните обвинувања за деструктивност и кочење на политичкиот процес.