HomeДЕНЕШНАПолитикаДИК писмено побара од Кривичниот суд да побрза со уверенијата за да не се кочи изборниот процес

ДИК писмено побара од Кривичниот суд да побрза со уверенијата за да не се кочи изборниот процес

dik

ДИК, на вчерашната седница одлучи писмено да побара од Кривичниот суд поажурно да ги изготвува уверенијата за неосудуваност на кандидатите за пратеници. Од ДИК засега не кажуваат дали проблемот со издавањето на овие уверенија може да го опструира целиот изборен процес.

Кандидатските листи, комисијата ќе ги разгледува во сабота, а за оние што не се комплетни може да им даде рок од 48 часа да ги отстранат неправилностите.

Вчера СДСМ и Либерална партија реагираа дека судот намерно не сака да ги издаде одобренијата, а со тоа се обидува да го сруши изборниот процес. Од Кривичниот суд на ова реагираа дека кандидатите за пратеници доцна ги поднесуваат барањата и дека се сакаат преку врски да завршат.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com