Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДИК отфрли еден приговор на ВМРО-ДПМНЕ

ДИК отфрли еден приговор на ВМРО-ДПМНЕ

Државната изборна комисија денеска едногласно го офрли приговорот на ВМРО-ДПМНЕ, со кој партијата бараше да се поништи гласањето на две избирачки места во Прилеп, поради тоа што копиите од записниците не одговарале на оригиналот.

ВМРО-ДПМНЕ ги достави копиите со приговорот, а ДИК откако го провери ориганалот од општинската изборна комисија, заклучи дека копиите и оригиналите не се еднакви, но процени дека тоа не е причина за поништување на гласањето на двете избирачки места во Прилеп.

Остри дискусии се одвиваа помеѓу членовоите на ДИК за вториот притвор од ВМРО-ДПМНЕ, кој се однесува на гласачкото место 2806/1, во скопската општина Центар, каде според партијата, гласањето терба да се поништи затоа што во кутија биле најдени 352 ливчиња, а во избирачкиот список има 351 потпис.

Членовите на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева и Сашо Срцев, тврдеа дека станува збор за нерегуларност и дека гласањето мора да се поништи, додека членовите на ДИК од СДСМ, Виолета Дума и Игор Милев, сметаа дека станува збор за ситен пропуст кој не влијае на регуларноста.

Како што беше кажано на седницата, гласач во општина Центар не ги зел гласачките ливчиња за совет и за градоначалник на општината, туку ги зел само ливчињата за совет и за градоначалник на Град Скопје, поради што одбил да се потпише.

За да се расчисти ситуацијата, на барање на членовите на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ, но и на членовите од експертскиот дел, Комисијата го побара целиот гласачки материјал од тоа избирачко место, за да направи увид и да донесе заклучок за состојбата.

Главна забелешка за приговорот за избирачкото место 2806/1 од Дума и од Милев беше дека приговорот е и технички и суштински несоодветен, оти ВМРО-ДПМНЕ прво направила техничка грешка и од партијата навеле дека се работи за приговор за општина Прилеп, а не за општина Центар, а потоа и дека не е напишано во кои кутии е најдено ливчето што е вишок и за тоа побараа да се отфрли приговорот. На ова реагираше Невенка Стаменковска, претставник на подносителот на приговорот – ВМРО-ДПМНЕ, која рече дека станува збор за нерегуларност и дека ДИК и по службена должност би морала да решава за оваа ситуација.

Неа ја поддржа Бонева, по што следуваше полемика меѓу Бонева и Милев, во која се уфрлаа и другите членови.

По паузата, којата беше дадена за да се донесе гласачкиот материјал од избирачкото место во општина Центар, ДИК продолжи со седницата, на која се разгледуваат и се одлучува по приговорите за изборниот процес на локланите избори што се одржаа во неделата на 15 октомври.