Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДИК ќе одлучува по приговорите за изборите

ДИК ќе одлучува по приговорите за изборите

Државната изборна комисија на денешната седница треба да ги разгледа и да одлучи по приговорите од подносителите на листи на кандидати во врска со гласањето на првиот круг на локалните избори.

Во предвидениот рок до ДИК беа поднесени вкупно 46 приговори.

Најмногу приговори поднела ВМРО-ДПМНЕ, 43, и по еден од ТМРО, Алијансата на Албанците и од Левица.

ДИК е должна да реши по приговорите на кандидатите во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласањето, во рок од 48 часа по приемот.

Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

Вториот круг на локалните избори ќе се одржи на 29 октомври.