Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДИК ќе ги „лови“ сите сомнителни лица во избирачкиот список

ДИК ќе ги „лови“ сите сомнителни лица во избирачкиот список

Државната изборна комисија веќе е подготвена целосно да го пречисти избирачкиот список со методологија во која се вклучени препораките на ОБСЕ, но и на сите вклучени домашни институции, со тоа што изготвена е и електронска програма за проверка на податоци и нивна поединечна верификација со што ќе треба да се докаже дека системот е доверлив. izbori glasanjeВо алгоритмот ќе се разгледуваат и појави како починати лица на избирачкиот список, повеќе гласачи на иста адреса, државјани кои се преселени, лица кои немаат важечка или биометриска исправа, фиктивни гласачи со издадени патни исправи од МВР, добиено државјанство непосредно пред изборите. drzavna izborna komisijaВториот чекор покрај вкрстената проверка на базите на податоци ќе биде и теренското „чистење“, а избирачките места и пристапот ќе се базира исто така на компјутерски алгоритми кои ќе укажат каде има потенцијални аномалии во списокот и дека е потребна дополнителна директна проверка на гласачкиот список.