Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДИК: Кандидатските листи за локалните да се достават до 14 септември

ДИК: Кандидатските листи за локалните да се достават до 14 септември

Државната изборна комисија информира дека во функција на непречено организирање и спроведување на Локални избори, кои ќе се одржат на 15 октомври 2017 година, се обратила до сите општини со цел да обезбедат соодветни просторни и технички услови за работа на општинските изборни комисии.

Сите општини и градот Скопје се должни најдоцна до денеска,11 август јавно да ги објават локациите и цените за закуп на рекламните паноа и билборди, додека најдоцна до 25 август, општините и градот Скопје се должни да ги објават условите за добивање право за користење на местата за истакнување изборни плакати.

Исто така, Државната изборна комисија ги извести општините и градот Скопје дека средствата за спроведување на локалните избори, се обезбедуваат од буџетот на општината и градот Скопје и со нив располага општинската изборна комисија, односно Изборната комисија на градот Скопје, освен средствата средства за изборниот материјал кои се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија и со нив располага Државната изборна комисија.

Државната изборна комисија известува дека денеска 11 август, е крајниот рок до кога печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) се должни ценовниците да ги достават до ДИК, Државниот завод за ревизија (ДЗР) и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), а радиодифузерите да ги достават и до АВМУ.

„Во однос на крајниот рок за поднесување на листи на кандидати за Локалните избори 2017 година, Ве известуваме дека согласно Роковникот за извршување на изборни дејствија, крајниот рок е 14 септември, а не како што беше објавено во дел од медиумите 9 септември“, соопшти ДИК.