Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДИК: Избирачкиот список е конечен и прочистен

ДИК: Избирачкиот список е конечен и прочистен

Државната изборна комисија денеска соопшти дека завршил процесот на прочистување на Избирачкиот список и дека тој е конечен.

„ДИК заклучи дека во законскиот рок од 10 дена по истекот на рокот за пријавување согласно објавениот јавен повик, не беше поднесено барање од три или повеќе члена на Државната изборна комисија за дополнителна проверка за кое било од лицата кои се пријавиле во текот на увидот. Со тоа, извештајот за спроведената постапка за пријавување на граѓани чии што записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни записи, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список од 23.08.2016 година е конечен. Горенаведениот заклучок станува составен дел на Извештајот“, соопшти Комисијата.

Комисијата исто така соопшти дека денеска ќе достават писмено известување до четирите најголеми политички партии со Извештајот за спроведената постапка за пријавување на спорните гласачи.