Sunday, Aug 20, 2017
HomeДЕНЕШНАПолитикаДИК го отфрли „ветото“ на Чавков за смените во МВР

ДИК го отфрли „ветото“ на Чавков за смените во МВР

dik-sostav

Државната изборна комисија го отфрлила ветото што дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков, го ставил на три одлуки на министерот Оливер Спасовски за именување нови началници во МВР.

Претставките на Чавков се однесуваа на именувањата на Примислав Димовски за нов шеф на единицата „Алфи“, на Бранко Ракиќ за началник на единицата за патен сообраќај и на Тони Ангеловски за началник на Одделението за слободен пристап до информации од јавен карактер. Според информациите, Комисијата проценила дека ниту една од овие одлуки на Спасовски не е поврзана со изборите.