HomeДЕНЕШНАПолитикаДИК ги утврди листите: Повеќе неправилности кај листите со Стево Продановски, Радмила Шукуроска…

ДИК ги утврди листите: Повеќе неправилности кај листите со Стево Продановски, Радмила Шукуроска…

dik sednica2

Државната изборна комисија доцна вечерва ги утврди кандидатските листи поднесени од партиите. Дванаесет коалиции и партии поднесоа кандидатски листи за пратеници на претстојните предвремени парламентарни избори, а за дел од кандидатите беа утврдени недостатоци, како неважечка лична карта, неподнесено барање за кандидатура, отсуство на изјава за етничка припадност.

ДИК ги повика во рок од 48 часа да се исправат неправилностите. Дел од партиите не пријавиле единствен даночен број и не доставиле трансакциска сметка со назнака „За избори“.

На кандидатските листи на СДПМ беа констатирани повеќе неправилности и отсуство на потребни документи за кандидатите. Инаку, листите на оваа партија која носи име слично на Социјалдемократскиот сојуз е спорна и од аспект на имињата кои се најдоа на нив. Тие втор пат одат на избори со имиња кои предизвикуваат забуна кај гласачите. Имено, на нивните листи се најдоа Стево Продановски, Љупчо Николовски и Радмила Шукуроска кои лесно можат да ги доведат граѓаните во заблуда.

Денеска СДСМ најави дека ги разгледува можностите да поднесе кривична пријава

Ждрепката за редоследот на избирачкото ливче ќе се одржи на 20 ноември.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com