Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДијаспората да добие 20 пратеници бара ВМРО-ДПМНЕ

Дијаспората да добие 20 пратеници бара ВМРО-ДПМНЕ

Најнов предлог на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ кој може да биде голем камен на сопнување во финиширањето на изборните реформи е дијаспората да одлучува за 20 пратеници во Собранието на Република Македонија што секако, опозицијата нема да го прифати од повеќе причини.

Давањето на огромни изборни бенефиции на дијаспората која на изминатите избори излезе во премногу мала бројка е непринципиелно и се става на маса само за партијата на власт да може со што да преговара и да ги намали можностите на опозицијата за поважните прашања како изборниот модел и методот на чистење на избирачкиот список со што може да ги принуди на компромис.