HomeРЕФЛЕКТОРМузика„Die Antwoord“ наредната година се повлекува од музичката сцена?

„Die Antwoord“ наредната година се повлекува од музичката сцена?

После многу плодни години и објавувањето на компилацијата „Suck on Тhis“ во мај и неодамна синглот од новиот албум „Mount Ninja and Da Nice Time Kid“, и вчерашната нова песна „Fat Faded Fuck Face“, лидерот на групата Нинџа, ги шокираше обожавателите со изјавата околу тоа дека групата следната година ќе се повлече од музичката сцена.

Во интервјуто за канадскиот музички магазин, Нинџа потврди дека јужно-американското реп-рејв трио ќе се распадне во 2017 година, како што и беше порано најавено, после пет албуми.

die-antwoord-2

Последниот албум ќе го објават во септември наредната година, изјави Нинџа. „ „Die Antwoord“ умира тој ден. Се е готово. Се чувствувам одлично поради тоа. Не се плашам од крајот. Јас сум Нинџа, не се плашам од смрт“. За збогувањето планирана е и изложба во музејот на современа африканска уметност во Кејптаун, која ќе се реализира во соработка со Роџер Болен.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com