Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакометДибиров оптимист во пресрет на завршницата од Лигата на шампионите

Дибиров оптимист во пресрет на завршницата од Лигата на шампионите

Левото крило на РК Вардар, Тимур Дибиров изјави дека победата над Фленсбург, Хамбург и Киелце им даде надеж и дека неговиот тим може да победи на фајнал-фор шампионатот на Европа во Келн.

“Победа над клубови како Фленсбург, Хамбург и Киелце укажуваат на тоа дека нема тимови што имаат освоено титула однапред, трофејот им припаѓа на тимовите кои играат брз и модерен ракомет. Многу е важно за земјата и за клубот што сме дел од финалниот турнир. Луѓето сакаат ракометот во Македонија. Тоа значи многу за нив. Затоа, ние сакаме да ги направиме овие луѓе да бидат среќни и да им вратиме за целата поддршка и љубов, која ни ја дадоа сите овие години. Доколку ја освоиме титулата шампион на Европа, Македонија ќе биде најсреќната земја на тој ден, тој ден ќе биде запишан со златни букви во историјата и ќе се слави уште многу години “, изјави рускиот репрезентативец.

Да ве потсетиме натпреварувањето започнува утре во КЕЛН а нашата екипа ВАРДАР настапува од 18,00 часот против добро познатиот тим на Барселона.