HomeАНТИСТРЕСХуманостДи Каприо ручаше во ресторан кој собира пари за бездомници

Ди Каприо ручаше во ресторан кој собира пари за бездомници

dikaprio-f1

Холивудскиот актер и Оскаровец Леонардо Ди Каприо ручал во еден ресторан кој собира пари за бездомници, пренеле медиумите во САД и додале дека актерот со тој потег го привлекол вниманието на неколку стотици свои обожаватели. Ди Каприо бил гост во ресторанот „Home“, кој соработува со ланец на ресторани кој се занимава со хуманитарни цели.

Ди Каприо, кој се прослави со улогата во филмот „Титаник“ од сега веќе далечната 1997 година, е еден од омилените актери на славниот режисер Мартин Скорсезе и глумеше во дури пет негови филмови. Оваа година го доби и Оскарот за најдобра машка улога во филмот „The Revenant“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com