Monday, Sep 25, 2017
HomeРЕФЛЕКТОРФилмДи Kаприо ќе глуми сериски убиец, под режија на Скорсезе

Ди Kаприо ќе глуми сериски убиец, под режија на Скорсезе

Леонардо Ди Kаприо повторно ќе игра под режисерската палка на Мартин Скорсезе, овој пат во филмот Ѓаволот во белиот град кој ќе ја обработува приказната за серискиот убиец од 19-тиот век во Чикаго. Лео и Скорсезе зад себе имаат пет филмски хитови, но на актерот и покрај петте номинации му недостасува златната статуетка, па можеби токму овој филм ќе му донесе Оскар. Наскоро треба да започне и снимањето на Ѓаволот во белиот град, а за сценариото е задолжен Били Реј.