Friday, Mar 29, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиЏон Стјуарт со HBO се враќа во етерот на политичката сатира

Џон Стјуарт со HBO се враќа во етерот на политичката сатира

Легендарниот лејт-најт водител и комичар Џон Стјуарт не издржа долго по повлекувањето од Daily Show и потпиша вреден договор со кабелската мрежа HBO за создавање на нови серии со формат од кратки видеа. Конкретно за видот на содржините се уште не се откриваат детали, но од Стјуарт се очекува да застане зад квалитетни општествено корисни проекти, како и да биде продуцент и режисер на млади таленти.

HBO го проширува политичкото влијание откако долги години му даваат доверба на либералниот но, „безобразен“ комичар и водител Бил Мар, а веќе две години го пренесуваат шоуто Last Week Tonight со Џон Оливер кој пак е поранешен ученик на Стјуарт од Daily Show.