Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЏон Стјуарт повеќе не можеше да ги трпи политичките глупости

Џон Стјуарт повеќе не можеше да ги трпи политичките глупости

Легендарниот политички сатиричар Џон Стјуарт ја имаше последната епизода од најгледаното Daily Show и низ повеќе скечови им се реваншираше на сите медиуми кои шират пропаганди, особено од Fox мрежата која ја подржува конзервативната политика, како и кон сите политичари кои имаат негативно влијание.

Џон Стјуарт во изминатите 16 години секојдневно се справуваше со сите важни општествени теми, но отровот кој го шират корумпираните аналитичари, партиските експерти и новинарите без морални компаси беше преголем за да се проголта.

Фановите на Џон Стјуарт ќе забележат дека во последните години премногу емотивно и лично одговараше на сите теми, како масовните масакри, ширењето на расизмот, омразата кон либералите, растот на популарноста на екстремното десничарско крило, како и големиот број на грешки на политичирите без оглед на која партија припаѓаат.

Лејт најт просторот за политичка сатира ќе му биде отстапен на младиот комичар Тревор Ноа кој доаѓа од Јужна Африка и има фантастичка смисла за хумор и општествена анализа, па очекуваме од наредната година да биде достоен заменик за Џон Стјуарт.