Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЏон Кери ја посети Хирошима, но не се извини за атомската бомба

Џон Кери ја посети Хирошима, но не се извини за атомската бомба

Американскиот државен секретар, Џон Кери и министрите за надворешни работи на останатите шест земји од Г-7, седумте индустриски најразвиени држави во светот, во меморијалниот парк и музеј во Хирошима им оддадоа почит на 140.000 жртви на американското бомбардирање на 6 август 1945 година.

Кери е првиот американски државен секретар, кој го посетува музејот на жртвите на бомбардирањето на Хирошима. Сепак, тој не се извини во името на САД за атомската бомба фрлена на тој град во 1945-та година. Споменикот за првпат го посетуваат и министрите за надворешни работи на Франција и Велика Британија.

Домаќинот на средбата на министрите за надворешни работи, јапонскиот шеф на дипломатијата Фумио Кишида изјави дека министрите ќе дискутираат за борбата со тероризмот, безбедноста на морепловството и настаните во Северна Кореја, Украина и на Блискиот Исток.