Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЏолев ја презеде должноста претседател на Кривичениот суд

Џолев ја презеде должноста претседател на Кривичениот суд

Новозибраниот претседател на Кривичниот суд, Иван Џолев, денеска даде свечена заклетва пред членовите на Судскиот совет на Република Македонија.

Со оваа церемонија тој и официјално ја презема функцијата прв човек на Кривичниот суд.

Судскиот совет на Република Македонија на седница што се одржа на 8 ноември со 11 гласа „за“ и два „против“ го избра Џолев за претседател на Основниот суд Скопје 1.

За ова место, како што објави МИА, се кандидираа судиите Владимир Панчевски, Ивица Стефановски, Верка Петковска, Осман Шабани, Ѓоко Ристов и Весна Димишкова.

Џолев доаѓа на местото на доскорашниот в.д. претседател на Кривичен суд Стојанче Рибарев кој, поднесе оставка поради лични причини.