Thursday, Apr 25, 2024
HomeИздвојувамеЏои – филм рефлексија за една моќна жена

Џои – филм рефлексија за една моќна жена

Енергчна драма во режија на Дејвид О. Расел базирана на вистинска приказна за жена која, растргната помеѓу суровата реалност и желбата за успех, успева да стане дел од низата пронаоѓачи на изуми кои го олеснуваат секојденвието на една мајка.

Израсната во растурена фамилија, едниствена потпора која малата Џои ја има е својата баба која низ целиот свој живот ги турка амбициите на својата внука да стане повеќе од обична домаќинка која ќе се грижи само за своите деца. Порасната со мајка која е зависна од сапуници и татко кој во повеќе наврати не успева да го среди својот љубовен живот менувајќи низа на жени и љубоморна полусестра, Џои е оставена сама на себе да го стави во функција она што е останато од нејзиниот живот. При сосема случајна несреќа на истурено вино кај младата пронаоѓачка се раѓа идеја да измисли џогер кој никогаш нема да мора да го допре со рацете и не само што ќе и донесе пари туку и ќе направи револуција во едно домаќинство.

film 2

Поради преголемиот потенцијал на овој изум Џои се соочува со низа пречки, почнувајќи од луѓе кои на секаков начин и оневозможуваат да ја патентира својата идеја, до се помалата поддршка која доаѓа од нејзината фамилија. Храбра и решена по секоја цена да си овозможи подобар жиовот себе и на своите деца Џои им пркоси на сите пречки и успева да се избори да го понуди на пазарот својот оригинален изум.

Драма која на моменти се вжештува поради преголемата неизвесност која ја носи со себе, сосема оправдано го зазема местото на еден од најдобро режирани филмови, поткрепен со низа искусни глумци од редот на Роберт Де Ниро, Џенифер Лоренс и Бредли Купер.