Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЏо Бајден ќе и ги помати сметките на Хилари Клинтон

Џо Бајден ќе и ги помати сметките на Хилари Клинтон

Џо Бајден кој по втор пат ја извршува функцијата потпретседател на САД најверојатно ќе се кандидира за главната позиција во Белата куќа и на тој начин може да и ги помати сметките на Хилари Клинтон која очекува династички да победи на изборите и да ја искористи популарноста на демократската партија кај младите гласачи, жените и кај малцинствата.

Сепак, заменик претседателот Бајден може да донесе многу поголема тежина во трката за претседател бидејќи Хилари досега извршуваше само една државна функција во Стејт департментот, но нејзината кариера таму заврши неславно со убиството на американскиот амбасадор во Либија и нападот на амбасадата. Бајден има кариера која трае 50 години, но досега му беше верен на Барак Обама и не ги истакнуваше амбициите.

joe-biden-hillary-clinton

Медиумите откриваат и дека неговиот син Бо кој неодамна почина имал последна желба да го види својот татко во Белата куќа како шеф на државата. Токму затоа Џо Бајден има голем простор за кандидатура на демократската партија, добро би поминал кај гласачите од средната класа и може да им се спротистави на републиканците кои два пати ги победи на дебатите пред четири и осум години.