Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЏип прегазил девојче во Волково

Џип прегазил девојче во Волково

Девојче на возраст од околу 14 години вчера попладне е прегазено со џип во скопската населба Волково. Несреќата се случила во близина на училиштето, кога сиво теренско возило од засега неутврдени причини удрило во девојчето, пренесува Прес24.

Според очевидците кои биле во близина ударот бил многу силен, а девојчето со обилно крварење на главата итно е пренесено во болница. Засега нема официјални информации за учесниците во несреќата, ниту пак за исходот, повеќе детали се очекуваат од МВР.

Извор: pres24.mk