Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЏихадистите запалија 19 девојки кои одбиле да бидат робинки

Џихадистите запалија 19 девојки кои одбиле да бидат робинки

Припадници на „Исламска држава“ во ирачкиот град Мосул убија 19 девојки од курдско потекло. Очевидец раскажува дека убиството е извршено на 2 јуни на еден од плоштадите во центарот на Мосул. „Казнети се поради нивното одбивање да станат робинки на борците за калифатот”, објасни локален активист. Девојките биле затворени во железни кафези и изгорени пред очите на десетици луѓе.