Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЏихадистите обезглавиле четворица сириски фудбалери пред толпа народ

Џихадистите обезглавиле четворица сириски фудбалери пред толпа народ

Џихадистите на Исламската држава егзекутирале четворица популарни сириски фудбалери откако ги обвиниле дека се курдски шпиони. Жртвите кои играле за клубот Ал Шабаб, биле обезглавени во Рака, пред толпа народ, меѓу кои имало и деца.

Сликите на суровото убиство биле објавени на Твитер на страницата “Raqqa is Being Slaughtered Silently”, каде биле наведени и имињата на жртвите: Осама Абу Кувајт, Ихсан ал Шувјак, Нехад ал Хусеин и Ахмед Ахавк. Покрај четворицата фудбалери бил погубен и уште еден неидентификуван маж.

Исламската држава кога пред две години ја презеде власта во Рака ги забрани сите спортски натпреварувања и спортот воопшто. Минатата година исламистите во ирачкиот град Мосул погубија 13 тинејџери поради тоа што го гледале натпреварот помеѓу Ирак и Јордан во Купот на Азија.