Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЏихадисти од Сирија продаваат оружје преку Facebook

Џихадисти од Сирија продаваат оружје преку Facebook

Џихадисти од Сирија го користат Facebook како маркет за купување и продажба на американско оружје и муниција. Страната на Facebook наречена „ The first weapons market in the Idleb countryside“, покажува фотографии од оружје и други експлозивни средства, каде се повикуваат купувачите да ги контактираат администраторите на страната приватно преку популарната апликација WhatsApp.

facebook

Цените на страната за оружјето се движат од 3000 долари па нагоре. Оружјето кое CIA го обезбедила за бунтовничките групи во Ирак и Сирија, кое може да предизвика сериозни закани и последеици исто така било ставено на продажба на оваа страна. Членовите на страната се поврзуваат со разни џихадистички групи, а купувачите исто така може директно преку коментар да побараат некое конкретно оружје.

facebook2

Страната сега за сега е исклучена од  Facebook, причините за тоа се како што е изјавено од комапнијата, зарадри прекршување на правилата на Facebook.