Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЏихадисти од ИД обучуваат деца како да обезглавуваат

Џихадисти од ИД обучуваат деца како да обезглавуваат

Џихадисти од групата „Исламска држава“ (ИД) обучуваат деца како да обезглавуваат, а во камповите за обука има и киднапирани деца од територии преземени од екстремистите. Едно 14-годишно момче од етнорелигиозната заедница Јазиди, кое успеало да побегне од кампот заедно со својот брат, раскажало дека за време на обуката на секое дете му се давало кукла и меч, а потоа џихадистите ги постројувале сите 120 деца и барале од нив да им ги отсечат главите на куклите.

– Ме научија како да го држам мечот и како да удирам, притоа морав да замислувам дека тоа е глава на неверник, изјавил Јахија, кој бил во камп за обука во северниот дел на Ирак. Екстремистите на овој начин планирале да создадат нова генерација борци, користејќи повозрасни момчиња и деца, кои потоа ги претвораат во касапи и бомбаши-самоубијци.