Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЏеват Исени ги освои срцата на македонскиот народ: Јас не сум Каракачанов, јас сум Македонија

Џеват Исени ги освои срцата на македонскиот народ: Јас не сум Каракачанов, јас сум Македонија

Џеват Исени, човекот чиј статус овоои многу срца бидејќи искрено и недвосмислено даде поддршка за напорите на македонскиот народ да оддолее на притисокот кој го наметна Бугарија со ултиматумот за промена на националниот идентитет, и се заблагодари на јавноста и на медиумите.

Исени вели дека е Албанец, но Албанец од Македонија и затоа ќе го почитува гласот на народот, а не на лидерите на политичарите за интересите на нивните партии.

“Јас не сум Каракачанов. Јас сум Македонија 🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰.

Се ова е игра на ЕУ, 30 години не секса со Грциве, сменивме име и се што сака. Сега на сцена се Бугариве, но Бугарија неможе никогаш да уценува на своја глава ако насоките не и ги дава ЕУ. Европската унија е појак отров и од Ковид, а Македонија е само центар за перење на пари, е тоа е кога странците ќе ти ги симнат пампурките до колена.

Ние сме држава, и затоа под итно да се врати:

1. Воен рок

2. Средно полициско образование

3. Затвор и конфискација на имот на сите функционери

4. Јавно да се изнесат сите тие што поседуваат бугарски пасоши и државјанство, нека се истакнат јавно.

Убеден сум дека ќе се врати довербата кај граѓаните ако сите кои биле до сега во функција се разрешат и се стави вистински професионален и образовен кадар, ако сакаме праведна држава затоа што вака се ке отиде во бестрага.

Да се врати назад перспективата во земјоделието и тој кој што има имот во село а воопшто не го работи да плака дупло данок, а не да доаѓа во град и да пуши џоинг.

5. Шпијуните кои работат за други држави а против својата држава јавно да се произнесат и да се обелоденат кои се, поточно кои функционери работат за странски служби.

Има многу 🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰

Оваа е моја Македонија, твоја и на сите тие што ја чувствуваат како своја држава, напиша Исени на на социјалните мрежи.