Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмЏесика Алба за гордоста на жените, а глуми во глупи филмови

Џесика Алба за гордоста на жените, а глуми во глупи филмови

Џесика Алба во најновото интервју за Allure магазинот ја даде можеби најконтрадикторната изјава дека не прифаќа улоги во Холивуд каде жените се прикажани како неспособни (што навистина е случај и сме против), потоа во улоги каде се користи само нејзиниот физички изглед и мора да биде зависна од машкиот херој кој треба да ја спаси.

Но, да бидеме искрени оваа талентирана актерка одамна ја заврши славната кариера со катастрофални избори на улогите, како на пример во Малите Фокерови каде глуми пијана девојка која се разголува и по секоја цена сака да го шармира Бен Стилер, или пак во Убиецот во мене каде е во врска со психопат кој ја изневерува и на крај ја силува и брутално претепува без никаква цел на употребеното експлицитно насилство.

Ова се само дел од катастрофалните филмови во кои жените се претставени на очаен начин, а да не ги спомнуваме Mачета и Градот на гревот и во сите од нив Џесика Алба нема никаков реален лик, туку е само згодната девојка која е разголена.