Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЏентилони го покани Заев на Самитот во Трст

Џентилони го покани Заев на Самитот во Трст

Премиерот на Италија Паоло Џентилони испрати честитка до новиот премиер Зоран Заев за формирањето нова влада, соопшти денеска италијанската амбасада во Скопје.

Џентилони исто така го поканил Заев да учествува на Самитот во Трст, кој се одржува во рамки на „Процесот Западен Балкан“.

И шефот на италијанската дипломатија Анџелино Алфано испрати честитка до неговиот нов колега, министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров. Во честитката се наведува дека Италија ќе продолжи да ги поддржува евроатлантските аспирации на Македонија.