Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЏенсон Батон бил успиен со гас па ограбен

Џенсон Батон бил успиен со гас па ограбен

Формула Еден возачот Џенсон Батон и неговата сопруга Џесика најверојатно биле успиени со гас од крадците во нивната вила во Сен Тропе, Франција. Умешните крадци успеале со гасот да ги успијат жртвите, а потоа слободно можеле да го украдат целиот накит вреден околу половина милион евра, вклучувајќи го и свршеничкиот прстен за кој возачот најмногу жали. Полицијата соопшти дека ваков вид на грабежи во луксузниот град се многу чести и напорно ќе работи да ги открие сторителите.